Радио Милева
Промени пред камера

Марк и Никола ги почнаа снимањата на „Брза кујна“, но со нова водителка (фото)

Марк и Никола ги почнаа снимањата на „Брза кујна“, но со нова водителка (фото)
фото:брза кујна.фејсбук

Со почетокот на месец семпември изминатите пет години почнуваше и емитувањето на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ Сител.

Овој септември тоа не се случи поради пандемијата од коронавирусот, но сега шефовите и домаќини, Марк де Јонг и Никола Мишковски, на своите Фејсбук профили открија дека шестата сезона започнала да се снима. Во прилог на информацијата објавија и нова фотографија од нив двајцата, но и новата водителка која ќе го води шоуто.

фото:марк де јонг/фејсбук

Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24. Следбениците на Марк и Никола им порачаа дека едвај чекаат да гледаат нови кулинарски предизвици и натпреварувачи, но и да поднаучат некој нов рецепт од нив, а разбирливо и дека  ја забележаа  промената на Александра Илиевска.

-„Ново освежување“, „Редно беше да почнете“, „Каде е Александра“, беа само мал дел од коментарите.

фото:брза кујна/фејсбук

Причината за промената на Александра засега е непозната.

За потсетување, првата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ го водеше Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска. Исто така во минатата петта сезона Марк и Никола исто така имаа замена од двајца свои колеги, но тие само ги надополнуваа низ емисиите.

Останати вести од Радио Милева