Радио Милева

Марјана Станојковска се подготвува за свадба, еве во каква венчаница се замислува на најубавиот ден од животот (фото)

Марјана Станојковска се подготвува за свадба, еве во каква венчаница се замислува на најубавиот ден од животот (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Свадбите се многу важен дел од животот на луѓето, особено на оние кои се подготвени на одреден датум да го изговорат судбоносното „да“ и да запливаат во брачните води.

Меѓутоа, пред самиот чин следуваат еден куп обврски и „слатки маки“ за да се организира свадба.

Македонската лото девојка, водителката Марјана Станојковска се уште не доби свршенички прстен, но е подготвена за свадба и не ја исклучува можноста наскоро да стапне на луди камен.

Имено, за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека доколку наскоро треба да го изјави судбоносното „да“ знае во каква венчаница сака да се појави.

фото: принтскрин/инстаграм

Станува збор за невистински фустан кој Марјана го носеше на 10-тото јубилејно издание на Саем на венчаници кое се одржа претходниот викенд во „Александар Палас“.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, Станојковска е во повеќе годишна врска со екс кошаркарот Пеце Наумовски, па дали парот ќе се реши да оди чекор понатаму и нивната љубов да ја крунисаат со брак, останува да видиме.

фото: инстаграм

Останати вести од Радио Милева