Радио Милева
неодолива

Марина Тошиќ со нови секси фотографии и жешко видео покажа зошто е тешко да и се одолее и кога пее и кога не пее (ВИДЕО)

Марина Тошиќ со нови секси фотографии и жешко видео покажа зошто е тешко да и се одолее и кога пее и кога не пее (ВИДЕО)

На жешката Марина Тошиќ повторно и зовреа „хормоните“, па сиот свој телесен раскош, порочниот изглед, набилданиот сексапил и сета страст која извира од неа ја преточи во ново задоволство за нејзините обожаватели и следбеници, кои со очи ширум отворени и „голтаат“ нејзините најнови секси фотографии.

По успехот на заедничкиот проект на Марина огледан во  дуетот со бугарската пејачка Димана, насловен “Нека го боли”, атрактивната русокоса во мало, ама одбрано друштво најпрвин го прослави 26-иот роденден…

Балони,  торта, свеќички и куп скапи подароци за пејачката која насмеана до уши и раскопчана до папок, блескаше од среќа и задоволство, зрачејќи околу себе сексапил.

Но тоа не е ништо во однос на она што Марина го покажа некој ден подоцна. Очигледно, најдоброто од себе го чуваше за поегзотичните дестинации на кои пејачката се најде… Монако, Монте Карло, Ница, Египет, Хургада… По работа или приватно, во женска или машка придружба, само таа знае!

Ама, како и да е,  таму одново покажа со каква убавина и атрибути располага!  А, за да го сервира сиот свој телесен раскош, на Марина не и теба многу. Или убава плажа или добра хотелска соба и русокосата е подготвена да го открие покриеното. А кај неа има што да се види.

Од англескиот лик, нејзиното тело-вретено и долгите разголени нозе кои пејачката ги експонираше од хотелската бања облечена само по бели гаќички…

… Па се’ до сочните усни и бујните силиконски гради со кои покрај пеењето кариерата ја гради, Марина покажа зошто е тешко да и се одолее… И кога пее и кога не пее.

За крај, облечена во секси црвено бикини, прати поздрав од плажата во Ница, со мини селфи видео кое ги буди сите сетила…

Особено впечатлив последниот кадар, кога секси момичето ќе го извади јазичето…!