Радио Милева
втора мајка

Марина Тошиќ – ѕвездата е родена… по втор пат: Позната во Бугарија, ама Белград е предизвикот (ВИДЕО)

Марина Тошиќ – ѕвездата е родена… по втор пат: Позната во Бугарија, ама Белград е предизвикот (ВИДЕО)

По националност – Србинка родена во Краљево, која со години живееше и пееше во Македонија, па се пресели во Бугарија каде преку Паинер продукција и нивната Планета ТВ направи кариера.

Атрактивна, сексапилна до болка, згодна, заводлива, пожелна… Русокосата фолкерка Марина Тошиќ ги имаше сите предиспозиции да стане ѕвезда, што донекаде и успеа кај источниот сосед.

Се пресели во Софија, потпиша за Паинер продукција и „русокосата красивица“ тргна да прави „страхотна“ кариера. Турбо фолк песни, провокативни видеа, разголени фотосесии, дуети со бугарски колешки… Сето тоа ја донесе до фаза да не биде анонимна, но далеку од мегаѕвезда кај Бугарите од типот на Преслава, Марија, Глорија…

И колку  и да е позната во Бугарија, Марина многу добро знае дека сепак, Белград е предизвикот… Зашто ако успееш во Белград, си успеал во целиот регион и на Балканот.

Затоа патот под нозе, па правец српската метропола и Марина директно во „Ѕвездите на Гранд“. Конкуренцијата е силна, пејачките во Србија се множат како зајчиња, а поплавата од оние другите од сите бивши Ју републики само ја заострува селекцијата, но затоа пак ја зголемува желбата и предизвикот да се биде меѓу најдобрите.

А таму не се бираат ни средства ни начин да се успее. Покажи се’ што знаеш и умеееш, со се’ што располагаш, понуди се’ што имаш… Од глас до стас…

Ама, Mарина е подготвена и повеќе од тоа. Српскиот и е мајчин јазик, телесните атрибути на врвно ниво, вокалните способности доволни за да се мине понатаму, однесувањето – провокација за целата нација…

Што значи, успехот само што не дошол, славата само што не пристигнала, популарноста само што не ја заплиснала… И ѕвездата е родена? По втор пат! Епа, со среќа, Марина!

 

View this post on Instagram

 

💃💃💃

A post shared by 👑Marina Tošić👑 (@marinatoshich) on