Радио Милева

Марина на Дарко Лазиќ ја натегна тангата за убаво да се види колку е згодна по бременоста (фото)

Марина на Дарко Лазиќ ја натегна тангата за убаво да се види колку е згодна по бременоста (фото)
фото:инстаграм

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата избраничка Марина Гагиќ го искористија убавиот и сончев ден да се релаксираат покрај базенот.

По разладувањето, Марина позираше во танга костим за капење и покажа феноменална линија за само два месеци по породувањето.

Дека малиот Алексеј не се одвојува од нив, е потврдено со фотографијата на која се гледа бебешката количка, во која веројатно наследникот спие во сенка, додека неговите родители се капат и се сончаат.

Саканата на Дарко во оваа прилика покажа дека се вратила во форма многу брзо по породувањето и е задоволна од својот изглед.

Потсетуваме дека на 24 јуни годинава Дарко и Марина станаа родители на син чие име е Алексеј. Тоа е второ дете на пејачот, бидејќи од бракот со пејачката Ана Севиќ ја има ќерка Лорена, додека на Марина ова е прво дете.

фото:инстаграм