Радио Милева

Марија Шерифовиќ во солзи: „Никогаш не ми било потешко“

Марија Шерифовиќ во солзи: „Никогаш не ми било потешко“

Марија Шерифовиќ важи за една од најдобрите пејачки во регионот која пее со многу емоција.

Познатата пејачка претходниот викенд одржа концерт во Тузла, а вечерта ја одбележа еден емотивен момент кој пејачката го сподели на социјалните мрежи.

Додека ја пееше својата емотивна балада Марија воодушеви  и расплака едно момче од публиката.

„Пеам 15 години и никогаш, ама никогаш не ми е било потешко една песна да ја отпејам до крај. Плаче тој, плачам јас. Се смее тој, се смеам јас.Се глупира тој, се глупирам јас. И совршено се разбираме.Има сини очи и насмевка на ангел.  Господине мој во црвено сако биди ми добар, насмеан и вечно насмеан“ напиша Марија.