Радио Милева
хит трансформација

Марија Шерифовиќ се заигра на „Инстаграм“ и покажа како би изгледала со ботокс и силикони (фото)

Марија Шерифовиќ се заигра на „Инстаграм“ и покажа како би изгледала со ботокс и силикони (фото)
фото: инстаграм/марија шерифовиќ

Пејачката Марија Шерифовиќ како и повеќето нејзини колеги е на пауза од музички настапи поради коронавирусот.

Меѓутоа, пејачката е активна, па си најде занимација односно снима влогови за „Јутуб“. Шерифовиќ исто така е активна и на социјалните мрежи каде што редовно објавува фотографии, но никогаш не користи разни ефекти и филтерки како многу нејзини колешки.

Сепак, сега не можеше да одолее на новиот филтер на Инстаграм кој стана хит на социјалните мрежи.

фото: инстаграм/марија шерифовиќ

Имено, овој ефект покажува како би изгледале доколу имате премногу силикони во усните и ботокос на лицето.

Пејачката на својот „Инстаграм“ објави фотографија со овој познат филтер и ги насмеа своите фанови.

Останати вести од Радио Милева