Радио Милева

Марија Шерифовиќ проговори за дисквалификувањето на Адам Лабунски од „Ѕвездите на Гранд“

Марија Шерифовиќ проговори за дисквалификувањето на Адам Лабунски од „Ѕвездите на Гранд“
фотo: принтскрин//блиц.рс

По учеството во „Пинкови ѕвезди“, оваа година Адам Лабунски година учествуваше во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Во некој од претходните кругови, таткото на Адам, Ибро Лабунски се скара со членовите на жирито и во студито настана хаос.

Меѓутоа, Адам продолжи со натпреварувањето и во последната емисија кога се појави на сцената на „Гранд“, Ибро истакна дека поради кавгата не се чувствувал убаво.

Меѓутоа, се случи пресврт на нештата. Имено, продукцијата одлучила да го дисквалификува Адам поради непримерно однесување.

фото: принтскрин

Марија Шерифовиќ која е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, се огласи на својот Инстаграм и објасни дека Адам е отстранет од музичкото шоу.

По нејзиното огласување, Лабунски на својот „Инстаграм“ ги објави пораките со Шерифовиќ.

фото: Принтскрин

Марија вчера пристигна на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, па кратко го прокоментира исфрлувањето на Лабунски.

„Мислам дека тоа е вистинско прашање за продукцијата. Саша Поповиќ одлучи да го дисквалификува, па најдобро е него да го прашате. Мислам дека тоа е фер“ истакна Марија за „Блиц“., а на прашањето како ги коментира пораките кои Адам ги објави на социјалните мрежи, Марија само кратко изјави дека нема да ги коментира.

Што навистина се случувало, останува да видиме.