Радио Милева
љубов или маркетинг?

Марија Шерифовиќ објави романтична фотографија, па предизвика недоумици: Во неа нешто љубовно се разбудило или пејачката глуми лудило? (ФОТО)

Марија Шерифовиќ објави романтична фотографија, па предизвика недоумици: Во неа нешто љубовно се разбудило или пејачката глуми лудило? (ФОТО)

Марија Шерифовиќ како што е познато, својот емотивен и љубовен живот го крие од јавноста, како змија нозете. Речиси и да не можете да најдете фотографија на која таа е во близок или интимен контакт со некоја личност, машка или женска сеедно. 

Сепак секое правило има и исклучок, па така деновиве Шерифовиќ објави фотографија на која се држи рака в рака, со испреплетени прсти со непознато лице. Фотографијата е направена додека се возат во автомобил и истата нема опис под неа, така што може само да шпекулираме дали станува збор за некоја интимно блиска личност на пејачката или…?

Мислењата како и секогаш кога станува збор за некаква мистерија, се поделени. Многумина мислат дека Марија конечно покажала малку нежност и интима, дека во неа нешто љубовно се разбудило, додека другите тврдат дека пејачката повторно глуми лудило.

Едноставно само за да „крене прашина“ во овие денови на карантин и изолација, кога ја нема во јавноста, Шерифовиќ нашла начин како да си ја „освежи“ популарноста, правејќи мајмуни од сите нас!

Останати вести од Радио Милева