Радио Милева
како ништо да не се случило

Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша првпат се сретнаа по кавгата за Вања Кнежевиќ – еве како се однесуваа пред камери (видео)

Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша првпат се сретнаа по кавгата за Вања Кнежевиќ – еве како се однесуваа пред камери (видео)
фото: драган муја/нова.рс

Дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ од „Ѕвездите на Гранд“ се уште е актуелна тема во регионалните медиуми.

Имено, кандидатката која беше под менторство на Марија Шерифовиќ беше дисквалификувана од музичкото шоу бидејќи на социјалните мрежи сподели содржина со која ја навреди Јелена Карлеуша, а потоа и „Ѕвездите на Гранд“.

По барање на Карелуша, продукцијата донела одлука Вања да го напушти шоуто. По тој повод тогаш се огласи и Шерифовиќ која истакна дека сите претерале, дека Вања не требала тоа да го објави, но и дека Карлеуша претерала со нејзината реакција.

Саша Поповиќ проговори за дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ: „Нејзиниот татко ми се јави и ме молеше да ја вратиме“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

По ова огласување, Карлеуша и се обрати на Марија истакнувајќи дека е разочарана и дека прва би ја бранела неа и нејзиното семејство. Потоа, Карлеуша ја отследи Марија од социјалните мрежи.

Сепак, се поставуваше прашањето како двете пејачки ќе се однесуваат кога ќе се сретнат повторно на снимањата и дали ќе седат една до друга како што беше досега.

Имено, вчераа започнаа снимањата на петиот круг на „ЅГ“,  а Марија на новинарите им откри дека нема проблем да се поздрави со своите колеги меѓу кои и Карлеуша.

фото: принтскрин/јутуб

По објавите на социјалните мрежи, изгледа дека пејачките ги закополае воените секири бидејќи на една од снимките може да се забележи како разговараат меѓу себе, а потоа како седат на менторските столчиња и играат.

фото: З.К Муња/Д. Милошевиќ

Инаку, Марија и Јелена важеа за пријателки и секогаш имаа пофални  зборови една за друга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Останати вести од Радио Милева