Радио Милева

Марија од „Ај кју“ во дилема: Пејачката јавно побара помош од следбениците (фото)

Марија од „Ај кју“ во дилема: Пејачката јавно побара помош од следбениците (фото)
фото: Инстаграм

Кога станува збор за физичкиот изглед, жените секогаш знаеме да направиме некои промени со кои ќе изгледаме позадоволни и среќни пред огледалото.

Некогаш знаеме да го промениме стајлингот, „мејкапот“, да ја промениме фризурата односно да ја скратиме косата или да ја промениме бојата на косата.

Македонската пејачка Марија Ивановска од групата „Ај кју“  претходната година одлучи да инвестира во својот изглед и направи промена, односно ја скрати косата и стана блондинка.

Меѓутоа, изгледа дека Марија деновиве се размислува повторно да направи промена и да ја промени бојата на косата

фото: инстаграм

Изгледа пејачката е во дилема и не знае дали да остане русокоса или да биде бринета, па ги праша своите следбеници на социјалните мрежи.

„Следниот чекор е да останам русокоса или да станам бринета“ праша Марија и остави оние кои ја следат да гласаат.

фото: инстаграм

Нејзините фанови гласаа 39% за русокоса и 61% бринета, а Марија на својот фризер му порача дека ќе има работа и што треба да направи од нејзината коса.

фото: инстаграм

Дали пејачката ќе направи промена и наскоро ќе ја видиме со нов изглед останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева