Радио Милева

Mарија Kилибарда му поласка на Даниел Кајмакоски: „Секогаш си божанствен, јас сум пристрасна кога си ти во прашање“ (видео)

Mарија Kилибарда му поласка на Даниел Кајмакоски: „Секогаш си божанствен, јас сум пристрасна кога си ти во прашање“ (видео)
фото: принтксрин/инстаграм/јутуб

Во последната емисија на забавно – хуманитарното шоу „Твоето лице звучи познато“, Даниел Кајмакоски имаше задача да го имитира хрватскиот пејач Петар Грашо со песната „Ако те питају“.

Пред почетокот на неговиот настап, водителката на „ТЛЗП“, го праша Даниел дали знае дека оваа песна се свири за свадбен танц.

„Ова е единствена песна од Грашо што ја знам. Не знаев дека се свири, добро што ми кажа, да ја научам“ вели Кајмакоски.

„Зарем пак???“ праша Марија иницирајќи дали Кајмакоски повторно планира да се жени.

„Не, не, но ако треба некаде да ја пеам“ се пошегува Даниел.

фото: Принтскрин/јутуб

Даниел  со брада и облечен во стилот на Грашо, на сцената на „ТЛЗП“ се обиде најдобро што може да го имитира својот колега од Хрватска.

По завршувањето на неговата изведба, Марија му поласка на нашиот пејач како никогаш досега:

„Мене секогаш си ми божанствен, јас сум пристрасна кога си ти во прашње, но сум и објективна“ изјави Марија.

И жирито имаше убави и пофални зборови за Кајмакоски.

фото: принтскрин/јутуб

„Даниел, навистина убаво пее, тоа не е спорно. Колку е комплицирана задача за еден пејач од Македонија, кој има потполно спротивни фигури во пеењето, потполно спротивни навики и страст и музикалност. Мене ми беше пријатно да те слушам, но мене ми е најважно  што верно се обиде да ја донесеш неговата боја бидејќи многу е похрабро да влезеш во имитацијата отколку да браниш од имтитацијата.Мене ми беше пријатно, затоа и победи во една сезона, затоа што си фантастичан“ изјави Душан Алегиќ.

фото: принтскрин/јутуб

„Твојата имитација од сите беше најтешка. Грашо пее многу грубо и високо. На моменти ми звучеше како Тони Цетински, на моменти како Оливер, но ти успеа низ настапот да го донесеш Грашо“ вели Урош Ѓуриќ.

фото: Принтскрин/јутуб

За потсетување, Даниел претходниот период се најде во центарот на медиумите бидејќи додека позирал со лакирани нокти ги ставил рацете во положба на двоглав орел, симбол на „голема Албанија“, поради што наиде на негативни коментари. По тој повод тој се огласи и истакна дека тоа не било намерно, ниту дека знаел дека тоа е симбол на „Голема Албанија“ и дека немал никаква намера.

Имитацијата на Даниел како Петар Грашо може да ја погледнете во видеото подолу.

Останати вести од Радио Милева