Радио Милева
ќе има прилика да се поправи

Марија Груевска го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“, па направи катастрофална грешка: „Што се случува?“ (видео)

Марија Груевска го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“, па направи катастрофална грешка: „Што се случува?“ (видео)
фoто: принтскрин/јутуб/ѕвезде гранда

Во последната емисија на регионалното музичко шоу настапуваа три македонски кандидати, а една од нив беше и младата македонска пејачка Марија Груевска од Битола.

Македонската кандидатка се претстави со песните „Жута дуња“ од Индекси и „Од Ебра до Дунава“ од Шабан Бајрамовиќ.

Груевска воодушеви со својата прва интерпретација, па жирито веднаш започна да и дава гласови.

фото: принтскрин/јутуб

Меѓутоа, среде втората песна тие почнаа да ги повлекуваат гласовите, а Марија буквално се изгуби на сцената, а жирито беше во шок и се прашуваше што се случува. Имено, во еден момент таа престана да пее, го заборави текстот, па почна да се врти на сцената….а потоа продолжи со пеење.

фoто: принтскрин/јутуб/ѕвезде гранда

Сепак, на крајот таа доби четири гласа и помина директно во следниот круг. Нејзин ментор е Александар Милиќ Мили.

Таа имаше и интересен стајлинг, односно во првата се песна се појави во широк костум или костум за пеење, а подоцна за втората комбинација го соблече и имаше друга модна комбинација и играше боса.

Жирито и забележа на Марија за огромната разлика во интерпретација на првата и втората песна.

фoто: принтскрин/јутуб/ѕвезде гранда

„Како испадна од матрицата во втората песна, пукна како балон, го заборави текстот и се’“, изјави Ѓорѓе Давид.

Карлеуша и забележа на Марија што не го соблекла костумот додека пее.

„Ти си добра пејачка, но кога се соблекува костумоттоа се прави на сцената за да се види“, изјави Јелена.

фото: гранд онлине

Шерифовиќ исто така имаше убави зборови за пеењето на македонската кандидатка.

„Марија ова што ти се случи навистина е страшно, но ти имаш нешто егзотично и интересно. Не сум љубител на фалсети, но јас би те пуштила да одиш понатаму“, истакна пејачката.

Инаку,  на Марија Груевска ова не и прво појавување на сцена. Таа исто така има учествено на Макфест во 2018 година каде што остана забележена по нејзиниот стајлинг.

Како Груевска ќе се претстави во следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ и дали ќе ја поправи грешката останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева