Радио Милева
среќен роденден

„Мангуп форевер“: Миа Костова за првпат го покажа татко си (фото)

„Мангуп форевер“: Миа Костова за првпат го покажа татко си (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

Екс водителката, а сега веќе инфлуенсерката Миа Костова периодов ужива во Албанија каде што е дел од маркетинг и ПР-от на „Havana Beach“.

Таа на социјалните мрежи редовно постира фотографии покажувајќи како го поминува времето. Миа исто така одговараше на прашања на следбениците кои ги интеренсира се што е поврзано за одморот и какви се условите таму.

фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

Водителката истакна дека ако излезе се како што треба, таму ќе остане до крајот на август.

Таа секојдневно на социјалните  мрежи објавува фотографии од плажа, пренесувајќи ги сите впечатоци како си поминува.

Костова деновиве и имаше убав повод за славење, односно роденден на нејзиниот татко. Токму по тој повод, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави постара фотографија со татко си, а во описот напиша:

„Среќен роденден тато. Мангуп форевер. Ти сакам само да си покрај нас уште долгооооо“, напиша Миа.

фото: принтскрин/инстаграм/миа костова

Честитки.

Останати вести од Радио Милева