Радио Милева
модел или џокеј?

Манекенката и топ модел Цеце (Орешкова) Георгиев и ја одбра професијата на 6 месечната ќеркичка: На коњ или на писта? (ФОТО)

Манекенката и топ модел Цеце (Орешкова) Георгиев и ја одбра професијата на 6 месечната ќеркичка: На коњ или на писта? (ФОТО)

Македонската манекенка и топ модел Цеце Орешкова, по долги години врска стапи во брек со нејзиниот колега Кристијан  Георгиев, со кого минатото лето ја добија ќеркичката на која и дадоа необично име – Кара Розмари.

Цеце која е голем љубител на животните, особено на нејзините љубимци, коњите од коњичкиот клуб „Бравадос“, љубовта кон нејзините најверни четвороножни пријатели, што се вели уште неродена и ја пренесе на малата кукличка Кара Розмари.

Имено, Цеце најпрвин се фотографираше со коњите покажувајќи го својот разголен со труднички стомак, а откако се породи,  својата мала принцеза ја зближи со коњите, особено со нејзиниот љубимец, грлото Чарли.

Малата Кара Розмари дури и ја седнаа во џокејското седло, за уште од бебе да почувствува што значи кога во животот цврсто ги држиш уздите во свои раце!

Арно ама, мама и тато пред да почнат да јаваат, станаа познати по чекорењето пеш… по модните писти. Затоа Цеце реши својата мала принцеза да ја навикнува и на онаа, другата професија, поврзана со модата и убавината. Па ја облече и дотера по свое, во најубавата гардероба. Чисто колку за да ги почувствува високите потпетици и мирисот на скапите светски брендови.  А, малата убавица, иако само 6 месечно бебе, со вроден инстинкт на жена, веднаш знаеше да одбере што е марка, па се фати и ја грабна скапата чанта на мама.

Можеби животот на Цеце е поубав со Армани, ама животот на мама вреди за сите пари со Кара Розмари!

А тоа, што ќе одбере малата да биде во животот, модел или џокеј? Или нешто сосема трето? Што и да е,  дозволете прво да порасне!

 

 

Останати вести од Радио Милева