Радио Милева

Манекенката и поранешна водителка на „Бекстејџ“ стана мајка – роди машко (фото)

Манекенката и поранешна водителка на „Бекстејџ“ стана мајка – роди машко (фото)
фото:симона станковска/инстаграм

Убавата македонска манекенка со неколку интернационални титули за убавина и поранешна водителка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Симона Станковска (24), вчера (05.Ноември) стана мајка за првпат.

Симона на свет донесе машко бебе и се породи во Србија, каде живее заедно со својот сопруг, кој инаку е спортист.

Убавата вест среќната млада мама ја сподели на својот Инстгарам профил и откри дека нејзиното прво чедо е машко, но засега не го сподели и името кое се одлучиле да го носи бебето.

фото:синома станковска/инстаграм

Инаку, свадбата на Симона Станковска се случи во еден скопски ресторан на почетокот на месец август, а тогаш беше со нараснато трудничко стомаче кое ѕиркаше под венчаницата на невестата.

фото:синома станковска/инстаграм

Честитки!

Останати вести од Радио Милева