Радио Милева

Мамин син: Цеца откри каде ќе живее Вељко откако ќе се венча со Богдана

Мамин син: Цеца откри каде ќе живее Вељко откако ќе се венча со Богдана
Antonio Ahel/ATA Images

Синот на најпопуларната пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, во јуни треба да се венча, но во оваа прилика неговата мајка откри како  ќе изгледа животот на членовите на нивното семејства, по свадбата на Вељко со Богдана Родиќ.

Цеца Ражнатовиќ откри дали Вељко одлучил  да го промени местото на живеење откако ќе каже “да” на неговата избраничка.

– Па, Вељко одлучи да не се селат, бидејќи, фала му на Бога, кај нас има простор за сите – вели Цеца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ACE 🇷🇸 Српски Ас (@veljkoraznatovic) on

Сепак, пејачката од својата  наследничка  Анастасија Ражњатовиќ очекува да си оди од семејниот дом кога ќе биде  подготвена за таков потег.

– Претпоставувам дека Анастасија, кога таа одлучи да живее со својот  партнер или да се омажи, ќе оди од дома. И јас го сторив истото кога  почнав да живеам во Белград за работа. Тоа е вид на природен процес. Секој треба да живее каде што му е убаво и со кого тоа му е убаво, природно е сакаш приватност – додаде Цеца.