Радио Милева

Малата наследничка наполни две години: Натали и славеше роденден на ќеркичката (фото)

Малата наследничка наполни две години: Натали и славеше роденден на ќеркичката (фото)
фото:инстаграм/натали ѓрубовиќ

Во кругот на најблиските членови на семејството во еден ресторан во Нови Сад- Србија, Натали Грубовиќ го славеше роденденот на својата наследничка која носи исто име како мама, Натали.

Малата принцеза потпорасна и наполни две години, а по тој повод се собраа семејствата, наздравија и се веселеа за убавиот повод.

фото:инстаграм

Малата Натали носеше слатко бело фустанче, додека големата, односно мама се одлучила за розов романтичен фустан, нежна шминка и ноншалантна фризура.

фото:инстаграм

Поранешната Бинго девојка и манекенка ретко е активна на социјалните мрежи, освен кога има некој убав повод и причина, баш како овој.

фото:инстаграм

Инаку, неодамна во медиумите се појавија информации дека Натали е бремена и по вторпат ќе стане мајка.