Радио Милева

Забава за најмалата: Вака изгледаше прославата за првиот роденден на ќеркичката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски

Забава за најмалата: Вака изгледаше прославата за првиот роденден на ќеркичката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски
фото: Принтскрин/инстаграм

Претходната година во септември, Сара Костадинова и Димитар Атанасовски станаа родители на нивното прво дете, ќерката Илина.

Оттогаш таа им е центарот на вниманието, па секој момент го користат да го поминат со неа.

За разлика од други познати парови кои не сакаат да ги експонираат децата во јавност, Сара и Диме често се активни на социјалните мрежи, па секој интересен момент го споделуваат со следбениците.

фото: Принтскрин/инстаграм/сарамејс

Имено, Сара и не чекаше многу време по породувањето да се врати на своите обврски и ангажмани. И покрај сите активности, таа и сопругот уживаат во семејната идила.

фото: Принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, не е така лесно да се поклопат работните, семејните обврски и ангажмани, па неодамна Диме побара помош на социјалните мрежи за некој да ја чува нивната ќерка.

„Пријатели, ако познавате некој кој чува деца и е слободен периодов, ве молам пратете ми контакт во инбокс… излезе дека ова била најтешката работа во животот, затоа помагајте#“, напиша Атансовски на својот Фејсбук.

фото: фејсбук

Сара и Димитар вчера го прославија првиот роденден на ќерката Илина. По тој повод тие организираа забава на која ги собраа најмилите и заедно се радуваа на првата година на Илина.

фото: Принтскрин/инстаграм/димитаратанасовски

За оваа прилика, малата Илина беше облечена во бело фустанче во комбинација со патики и наликуваше на мала принцеза.

фото: Принтскрин/инстаграм/димитаратанасовски

Мама Сара се одлучи за долг фустан, а Димитар за краток шорц и бела кошула, но насмевката не ја тргнуваа од лицето.

фото: притнскрин/инстаграм/димитаратанасовски

Среќен роденден на Илина, голема да расте и да ги прави мама и тато горди.