Радио Милева

Мала убавица со сини очи: Јован Јованов ја покажа ќерката (фото)

Мала убавица со сини очи: Јован Јованов ја покажа ќерката (фото)
фото:јован јованов/инстаграм

Откако во 2014 година замина да си ја побара среќата во странство и да се усоврши во областа на „саунд инжинерингот“, за македонскиот композитор и продуцент Јован Јованов ретко може да се прочита нешто во домашните медиуми.

Иако никогаш не се откажа од музиката, туку напротив комплетно е посветен на музицирањето во своето студио во Канада, за Јованов и неговата работа може да се видат информации најчесто на социјалните мрежи каде е активен корисник.

фото:јован јованов/инстаграм

Годинава со негова песна и на неговиот брат Иван, на неодамна одржаниот „Макфест“, се претстави младата пејачка Славица Ангелова која ја доби наградата за најдобар дебитант.

Кога пак е приватноста во прашање, Јованов веќе две години живее во Торонто со сопругата и ќерката, а во една прилика изјави дека тој и неговото семејство, особено малата Малеа, одлично се приспособила на тамошниот живот.

фото:јован јованов/фејсбук

Овој пат, по повод „Ноќта на вештерките“, Јован на својот Инстаграм ја покажа својата наследничка, која иако маскирана во костум на костур, изгледа преслатко.

Малеа има осум години и личи на мама, а дали ќе покаже инетерс кон музиката како тато и ќе го наследи, оставаме на времето…

Останати вести од Радио Милева