Радио Милева

Македонскиот пејач и сопругата ја направија првата прошетка во јавност со Бисера (фото)

Македонскиот пејач и сопругата ја направија првата прошетка во јавност со Бисера (фото)

Македонскиот пејач може да се пофали дека годинава му тргна убаво, со исполнувања на приватен план.

Зоран Илиев на почетокот на годината се сврши со неговата избраничка Анѓелка, а нивната љубов ја крунисеа со брак во јули.

Набразо по бракот,  Зоран и Анѓелка станаа родители на нивното дете, односно ќерката Бисера.

Зоран по добивањето на ќерката славеше со своите роднини и пријатели, а сега секој момент го користи за да ужива со ќеркичката.

Пејачот досега не ја покажа Бисера во јавност, се до вчера кога првпат се прошетаа заедно со сопругата.

Илиев во кратките приказни на Инстаграм сподели фотографија од него и својата сопруга како ја шетаат Бисера.

фото: принтскрин

Веруваме дека новата улога на родител на Зоран му донела многу радости, но и многу одговорности.