Радио Милева

Maкедонски дуел: Мими повторно „растури“ со пеење во „Ѕвездите на Гранд“ – „Ти си лек за уши“

Maкедонски дуел: Мими повторно „растури“ со пеење во „Ѕвездите на Гранд“ – „Ти си лек за уши“
фото: фејсбук

Во последната емисија од третиот круг на регионалното музичко шоу учестуваа и неколку македонски кандидати, некои од нив поминаа директно во следниот круг, а некои го напуштија шоуто.

Посебен белег остави Мими Јовановска која се најде во т.н македонски дуел со Марио Арангеловски од Куманово.

Марио Арангеловски се претстави со песните „Кида ме“ и „Фали ми љубав“.

Додека пак Мими се претстави со песните „Судбо моја“ и „Проклет да је овај живот“.

фото: принтскрин/јутуб

Марио доби три гласа и оди во следниот круг, додека пак Мими ги освои сите гласови од жирито и се пласираше директно во четвртиот круг.

фото: принтскрин/јутуб

Жирито имаше пофални зборови и за двајцата македонски кандидати.

„Фантастични два кандидати. Се беше супер, само продолжете така. Точно во тој правец“ изјави Мили.

Вики Миљковиќ исто така го пофали пеењето на Мими:

„Таа е лек за уши“, беше кратка и јасна пејачката.

Нивниот настап ќе може да го погледнете во видеото подолу на 2:36: 20.

Останати вести од Радио Милева