Радио Милева
Од зајдисонце до мугри

Македонската „задругарка“ Елеонора Миљковиќ покажа како се води љубов на плажа: Зграпчи го и држ’ го дур’ го имаш! (ФОТО)

Македонската „задругарка“ Елеонора Миљковиќ покажа како се води љубов на плажа: Зграпчи го и држ’ го дур’ го имаш!  (ФОТО)

Нашата „задругарка“ Елеонора Миљковиќ и покрај корона пандемијата заедно со момчето замина на егзотично патување, па провокативните фотографии од нејзиното летување Нора не престанува да ги  споделува на својот Инстаграм. Она со што мајката природа ја надарила, а естетската хирургија го надградила, разбирливо доминира на нив.

Лето, сонце, плажа, море… вистински прилика да се исонча целото тело, ама и смело да се покажат телесните атрибути, со кои македонската „задругарка“  може да се пофали како ретко која друга девојка.

Всушност, Нора не само што има што да сонча, туку има и што да сподели за своите обожаватели на социјалните мрежи, на кои сеќавањата се’ уште им се свежи од минатиот пат, кога расната скопјанка обзнани каде и со кого во ултра-мини бикини ги сонча бујните облини.

Овој пат Елеонора ја  збогатила својата летна фотосесија со нови фотографии. Она што го одзема здивот се фотографиите на кои доминира раскошната позадина на скопската „задругарка“.

И сето тоа вклопено во убавините на природата во комбинација со летното зајдисонце на море, создаваат таков колоритен пејсаж на кој не би му одолеал ниту еден вистински маж.

На Нора не само мажите, туку и жените и поделија комплименти. И тоа оние познатите,  македонски старлети и трендсетерки како „задругарката“ Тара Симов или Мелита на пример.

А кога сме кај мажите, „задругарот“ и срспки пејач Слободан Слоба Радановиќ јавно ја повика на неговиот настап.

Дека нејзиниот телесен раскош и сексапил на маѓжите им е заеднички именител покажа дури и познатиот Иван – исцелител, кој исто така и не и одолеа на Нора, па од она што го воочи(л) остана со ококорени очи!

Кога ги гледаат жешките фотографии на Елеонора, мора да се љубоморни и да му завидуваат на нејзиното момче Чедо.

За да ги расчисти сите дилеми и да не им остави ниту барем малку простор за надеж, Елеонора се потруди самата, па покажа како се води љубов на плажа…

„Sex on the beach“ – во духот на името на еден од најубавите летни коктели, Елеонора во наплив на „љубовна плима“ покажа дека цврсто се држи до својата максима: „Откако еднаш ќе го најдеш вистинскиот маж, не очекувај дека тоа ќе ти се случи и друг пат. Затоа, зграпчи го и држ’ го дур’ го имаш!“  Од зајдисонце до мугри!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева