Радио Милева
и од карантинот го крева... адреналинот

Македонската Северина, разголена ви праќа поздрави од Швајцарија: Марија Луиса е подготвена да одговори на секој предизвик во карантинот (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската Северина,  разголена ви праќа поздрави од Швајцарија: Марија Луиса е подготвена да одговори на секој предизвик во карантинот (ФОТО+ВИДЕО)

Корона пандемијата го решета светот, животот речиси насекаде е изместен од колосек, нормалниот тек на функционирање на работите е ставен во вонредна состојба, а со него и луѓето… Карантин и изолација е нешто со што се соочува речиси секоја нација на земјината топка, а бидејќи светот оддамна е глобално село, многумина останале „заробени“ таму каде што се затекнале во моментот кога границите биле затворени.

Меѓу нив и многу нашинци кои биле по работа, бизнис, екскурзија, викенд, шопинг, кај пријатели и роднини… И сега ништо друго не им останува освен да се снаоѓаат и да чекаат или „чумата да замине“ или да најдат начин како да се вратат дома.

Меѓу сите нив има и некои имиња од македонската естрада, какао на пример, пејачката Марија Тодоровска, која во естрадниот свет ја знаат под уметничкото име, Марија Луиса.

Атрактивната фолк пејачка на пошироката јавност и стана позната не по своите хитови, туку по нешто сосема друго: кафеанско-клубските настапи, нејзиниот секси изглед, разголените фотографии и нејзината наводна порно афера.

Сексапилната битолчанка корона пандемијата ја затекна во Швајцарија, каде беше работно. Границите се затворија, летовите се откажаа и Марија мораше да остане таму. Откако успеала некако да се снајде, згодната фолкерка сакала или не, мора да остане затворена во изолација. Карантинот не е лесно да се поднесе, особено не, ако си млада и динамична линост како што е таа… Но, што е – тука е, па што се мора не е тешко.

За да ја разбие здодевноста Марија си наоѓа разни начини да се забавува себе си, а и другите. Позната посвојот слободен дух и сваќања, сексапилната битолчанка умее и од карантинот на мажите да им го крене… адреналинот! Се разбира со неколку од своите жешки фотографии, на кои Марија ќе ве потсети на сиот свој телесен раскош (с)облечена во различни парчиња секси долна облека.

Згодна, атрактивна, привлечна, пожелна… Марија неретко во секси издание имате шанси да ја видите на нејзините еротски фото сеанси, како онаа неодамнешната на пример, која ја направи пред фотообјективот на уметничкиот фотограф и режисер  Драган Ристовски (Д.Р.Д. медиа).

Овој пат во недостиг на простор и можности за уметничка еротика, Марија Луиса ви нуди малку поинаква фото егзотика… Со селфија во домашен амбиент.

Но, за да не биде дека само умее да се фотографира, а наместо да пее – се фолира, фолкерката реши покрај разголените фотки, да испрати и по некоја песна.

Ова е музичкиот поздрав на Марија од Швајцарија… Поздрав од карантинот до сите медицински лица на првата линија на фронтот во борбата со опакиот вирус, сите нејзини колеги и фејсбук пријатели, но и до сите Вас.

Останати вести од Радио Милева