Радио Милева
еротска фотосеанса...

Македонската Северина го „прочуре“ Инстаграм: Пејачката Марија Луиса во ултрасекси фотосесија (ФОТО)

Македонската Северина го „прочуре“ Инстаграм: Пејачката Марија Луиса во ултрасекси фотосесија (ФОТО)

Нејзиното вистинско име и презиме е Марија Тодоровска, која во светот на естрадата е позната под уметничкото име Марија Луиса. Атрактивната битолчанка е фолк пејачка која на пошироката јавност и стана позната не по своите хитови туку по нешто сосема друго – нејзиниот изглед, разголените фотографии и нејзината наводна,  порно афера.

Рака на срце фолкерката отсекогаш изгледала повеќе од атрактивно. Привлечна, пожелна, секси, со манекенски пропорции и бујни атрибути, Марија Луиса со секоја своја фотографија знаела да ја разгори фантазијата, особено на машкиот свет, зошто покрај изгледот и пеењето, во градењето на нејзиниот имиџ главна доминација има нејзината провокација.

А пејачката не само што изгледа повеќе од провокативно, туку секогаш знаела како да го истакне својот телесен раскош… И во живо и на фотографија и кога се слика приватно и професионално.

Интересот за неа достигна кулминација токму по една таква провокација, кога во јавноста почна да кружи приказната дека Марија Луиса има свој порно клип со бившото момче, видео кое многумина, особено во Битола, се колнеа дека го виделе. Приказната како и изјавите на пејачката која самата ја појаснуваше ситуацијата, осамнаа и во медиумите, со што Марија Луиса набрзина стана македонската Северина.

Сексапилната битолчанка уште повеќе ја заскокотка јавноста откако направи нова, ултрасекси  фотосесија…

Овој пат пејачката застана пред објективот на уметничкиот фотограф и режисер Драган Ристовски (Д.Р.Д. медиа), кој нејзиниот сексапил го овековечи во серија уметничко-еротски фотографии.

На нив провокативната фолкерка го нуди сиот свој телесен раскош на увид… Облечена само во тесно, провидно боди од црна тантела…

…Во црн долг фустан со шлиц од пазуви до глуждови…

…Или само по сина маичка, Марија е секси мачка! Освен тоа, ниту под едно од нив убавицата не носи долна облека, нема ништо освен гола кожа, што прави серијалот да предизвика „пожар“, па пејачката со него го „прочуре“ Инстаграм.

И додека социјалните мрежи “горат“ и обожавателите и хејтерите имаат што да зборат…

Се разбира, додека плакнат очи на провокативната еротска фотосесија, зјапајќи со „падната вилица“ во секси позите на битолската убавица!

Останати вести од Радио Милева