Радио Милева
„и залепи модна шлаканица“...

Македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ „ја закопа“ Карлеуша: Тоа што Јелена се фали дека носи „најнови“ парчиња од Версаче и Армани, Нора го носеше уште лани (ФОТО)

Македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ „ја закопа“ Карлеуша: Тоа што Јелена се фали дека носи „најнови“ парчиња од Версаче и Армани, Нора го носеше уште лани (ФОТО)

Јелена Крлеуша српската поп-фолк дива, белградската „мала од скандала“ пеознатата и популарна пејачка и најконтроверна членка на жирито во „Ѕвездите на Гранд“  секојдневно максимално привлекува внимание со секое свое модно издание.

Крајно провокативна, брутално (с)облечена со по некое крпче на себе „на минимум“, максимално предизвикува и пали со својот сексапил и секоја одсвоја бујна облина што многу повеќе излегува на површина, отколку што е задскриена, зашто карлеуша многу повеќе е гола отколку покриена.

Патем, српската пејачка меѓу останатото важи и за модна икона, зашто секоја нејзина комбинација е наводно составена од парчиња по последна мода. Без оглед дали се во прапшање облека, обувки или накит, дали се тоа фустани, кошули, панталони, тексас, долна облека или костими за капање…

А кога сме веќе кај костимите, токму една позната Македонка, или поточно единствената македонска ријалити ѕвезда во најгледаното реално шоу во регионот, „Задруга“, на Карлеуша и „залепи модна шлаканица“ и буквално ја посрамоти кога се во прашање модата и модните работи.

Имено, нашата Елеонора Нора Миљковиќ која во моментов работи на случајот да добие работа како водителка на една српска телевизија, буквално „ја закопа“ Карлеуша, која се фали  дека носи „најнови“ парчиња од Версаче и Армани,  а нив Нора ги носеше уште лани!

Ако добро ги погледнете фотографиите од последното неодамнешно патување на Карлеуша во Дубаи, ќе забележите дека русокосата меѓу останатото се пофали и со златниот, едноделен, ултрасекси костим за капање, со кој парадираше и позираше покрај брегот на плажата, рекламирајќи ги своите „златни едноделни бикини“ во високи потпетици,  со Версаче чанта и бело Ламборџини.

И се’ би било фантастично, да не е нешто тука „проблематично“… Или поточно сомнително, зашто „најновиот“ златен модел „Ох поли“,  Елеонора на себе го носеше уште лани летото, а тоа… боли!

Или барем би требало „да боли“ кога се преставуваш за модна икона, а ќе те фатат во лага?!

Патем, можеби е прашање на вкус, но сепак, иако за вкусовите не се дискутира, а и возраста на Јелена и Нора не им е иста, иако кај жените „животот годините не ги брои“, прашањето е на која од нив, „златниот костим“ подобро и стои?

Фото: инстаграм принтскрин/karleusastar/__elle.m__

Останати вести од Радио Милева