Радио Милева

Македонската пејачка со стомак до заби летуваше во Охрид, па доби незаборавен одмор – стана мајка! (фото)

Македонската пејачка со стомак до заби летуваше во Охрид, па доби незаборавен одмор – стана мајка! (фото)

Македонската пејачка Девана Ѓорѓиевска, попозната како Девана Нардели стана мајка на женско.

Изминатите неколку деца на својот профил на Фејсбук, таа постојано објавуваше труднички фотографии каде позира со нараснатиот стомак во костим за капење.

фото:девана/фејсбук

Овој одмор во Охрид ќе го памети по доаѓањето на свет на нејзиното прво чедо кое го опиша на необичен начин:

-24 часа по овие факман-трудноохридски слики, 24 часа по одлуката со стомак до заби да не одиш со кајче релација Биљанини – Канео – Биљанини, туку да се размрдаш пеш и 24 часа по јадење кубанска телетина и ориз, свеж лук со сол, чоколадна торта со пина-колада (еднаш неделно дозволено во бременост, добиваш поклон во форма на мало човече, кое не го покажувам се уште, суеверие, 40 дена да пројдат.

фото:девана/фејсбук

Инаку Девана и нејзиниот избраник Дејан се свршија минатиот месец, а сега се веќе во проширен состав.

фото:девана/фејсбук

Честитки!

Останати вести од Радио Милева