Радио Милева
Ги разголи и душата и телото, ама сепак нешто крие?

Македонската пејачка е или многу чудна или малку трудна? (ФОТО)

Македонската пејачка е или многу чудна или малку трудна? (ФОТО)

Иако многумина ја знаат по нејзините настапи по кафулињата и клубовите во Скопје,м акедонската пејачка Девана Нардели на јавноста и стана позната откако јавно „ја разголе душата“ со отвореното писмо што го објави за својата тага по изгубената љубов, во која беше извесно време со предвреме починатиот диригент, маестро Саша Николовски – Ѓумар!

Оттогаш младата уметница која е и членка на Македонската опера и балет, како да не можеше да се помири со реалноста, па тешко ја прифаќаше стварноста, тонејќи во депресија… Вечерните настапи веројатно беа лекот за душата, која тешко се лекува, но барем на момент ја враќаа во живот, онаков каков што треба да живее една млада 24 годишна девојка.

Девана уште претходно имаше и пејачки и манекенски, па и пишувачки обиди… Останаа запаметени нејзините разголени фотографии од неколку провокативни фотосесии кои тогаш младата Девана ги направи покажувајќи го сиот свој телесен потенцијал.

Привлечна, пожелна, секси… некои ја нарекоа македонската Лолита.

Деновиве Девана има нова фотосесија…

За почеток, како најава за излез од депресијата и комплетен влез на естрадата…

Ама тоа ќе се случи, најверојатно од септември!  Откако ќе го скрчка, она што го крчка во музичкото студио.

Стриктно свртена кон градењето на кариерата, како што самата вели, за нова љубов се’ уште не е  подготвена?! Или можеби Девана сепак нешто крие, и покрај тоа што „ги разголе“ и душата и телото?

Особено, ако ја погледнете една од новите фотографии кои самата ги постираше на своите профили и го прочитате статусот што го постави крај неа, излегува дека пејачката е или многу чудна или малку… трудна?