Радио Милева
вака се раѓаат новите ѕвезди

Македонската фолкерка дома има сериозна конкуренција: Драгана Јовановска е на добар пат „да и го украде шоуто“ на мама Тања (ВИДЕО)

Македонската фолкерка дома има сериозна конкуренција: Драгана Јовановска е на добар пат „да и го украде шоуто“ на мама Тања (ВИДЕО)

Македонската фолкерка Тања Јовановска Трајкова важи за една од поатрактивните пејачки на домашната фолк естрада. Згодната кумановка покрај естрадната кариера и секојдневните обврски е и посветена мајка.

На нејзината ќерка Драгана не само што и пренела дел од гените, туку и дел од своето пејачко знаење, умеење и искуство, па 12 годишното девојче полека почнува да наговестува кој ќе биде поголема ѕвезда во домот на Јовановски?!

Или можеби најголема, зашто и татко и Младен – сопругот на Тања е музичар, која на синтисајзер ја придружува мама на настапите.

„Крвта не е вода“, па затоа и „крушката под крушка паѓа“ – велат. А, кај малата Драгана паѓаат аплаузи, воодушевувања, пофални зборови уште од нејзиниот прв настап. А настапува веќе неколку години, и тоа од учество во детските хорчиња, па се до појавувањето на разни домашни и меѓународни фестивали каде редовно победува или во најмала рака зема некоја од наградите, како и на регионалните музички талент шоуа како „Пинковите ѕвездички“ на пример.


Општо гледано, ако се земат во предвид сите нејзини учества и појавувања, малечката уште сега има повеќе настапи надвор од Македонија од својата мајка. За освоените награди и да не зборуваме!

Затоа македонската фолкерка нека му ја мисли… Има сериозна конкуренција дома, од која не ќе може да „избега“, зашто нејзината ќеркичка Драгана Јовановска е на најдобар пат „да и го украде шоуто“!

А фолкерката не само што нема ништо против оваа конкуренција, туку е и горда на неа, и тоа најмногу на свет! И колку повеќе Драгана ќе и ги засенува славата и популарноста, мама Тања толку ќе биде посреќна и погорда на својата наследничка!

Како што во моментов се радува и гордее со најновата изведба на нејзината ќерка во новто продолжение на музичката серија „Дајте музика“, каде Драгана ја пее песничката „Сакам овој ден да трае“ на авторот Николче Мицевски. Како тргнала, кариерата на новата ѕвездичка што се раѓа допрва почнува, а ќе потрае многу, многу денови… и години.

 

Останати вести од Радио Милева