Радио Милева

Македонската фолкерка доживеа пријатно изненадување во Австралија: „Е ова е задоволство“

Македонската фолкерка доживеа пријатно изненадување во Австралија: „Е ова е задоволство“

Естрадниците уметници имаат голема обврска и задача да пронајдат песна која пред се ќе можат да ја отпејат, но и која со текот на времето ќе стане хит.

Во текот на последните неколку години се повеќе се работи на квалитетот, а се повеќе се гледа квантитетот. Затоа се издаваат песни кои траат 2, 3 месеци и подоцна се забораваат.

Меѓутоа, сепак постојат искусни пејачи кои добро и професионално си ја знаат својата работа, па колку и денешното време да наметнува модерна музика тие снимаат добри песни.

Меѓу нив и е македонската фолкерка Татјана Лазаревска која неодамна ја издаде својата нова песна „Моќна кралица“.

Уште поголемо задоволство е кога песната ќе добие позитивен ефект од публиката.

А такво задоволство доживеа фолкерката  која подолго време живее во Австралија. Имено, на „Фејсбук“ сподели видео на кое едно детенце ја пее нејзината нова песна.

“Е ова е задоволство, кога детенце ти ја пее песната „Моќна кралица“…те сакам Тијанче“, напиша Лазаревска на социјалните мрежи.