Радио Милева

„Македонија има „опасни“ кандидати“: Македонците „растурија“ во „Ѕвездите на Гранд“

„Македонија има „опасни“ кандидати“: Македонците „растурија“ во „Ѕвездите на Гранд“
фото: гранд онлајн

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, македонските кандидатии го воодушевија жирито и сите поминаа директно во третиот круг.

Гоце Бошковски кој е под менторство на Вики Миљковиќ се претстави со песните „Странац у ночи“ од Масимо Савиќ и „Прстен и златни ланац“ од Хари Мата Хари.

фото: Принтскрин/јутуб

По крајот на неговите интерпретации, Гоце доби вкупно шест гласа односно од сите членови на жирито, а тие освен што имаа пофални зборови за неговото пеење, му упатија и комплименти и за неговиот изглед односно дека успеал да ослабне под убедувања на неговата менторка.

фото: Принтскрин/јутуб

„Си станал фраер, многу си ослабел и добро ти стојат очилата. Покрај добро пеење, мораш и добро да изгледаш“ изјави Јелена и додаде мора уште да работи на себе.

фото: Принтскрин/јутуб

Александар Јосифовски под менторство на Ѓорѓе Давид се претстави со песните „Да те богдо не волим“ од Бјело Дугме и „Лудо луда“ од Ван Гогх.

фото: Принтскрин/јутуб

И Александар ги освои сите гласови на жирито, па помина директно во третиот круг.

фото: Принтскрин/јутуб

Јелена имаше пофални зборови за Јосифовски истакнувајќи дека Македонецот отпејал како Тифа, на што се надоврза Драган Стојковиќ Босанац и истакна дека не е точно, а ова дискусија ја прекина Саша Поповиќ кој имаше пофални зборови за пејачот.

фото: Принтскрин/јутуб

„Остави ти студиско снимање. Дечкото да дојде во нашето студио и сто пати да повтори…Така да, ова е пеење во живот, еден на еден. Браво мајсторе“ истакна Поповиќ.

фото: Принтскрин/јутуб

„Морам да ти кажам кога почна да пееш во рефренот на првата песна, цела се наежив. Не знам зошто вечерва сум среќна. Можеби бидејќи сите убаво пеете и поминувате понатаму“ изјави Карлеуша.

Кристијан Марковски од Гевгелија соработуваше заедно со Јелена Карлеуша и нејзиниот тим. Тој на сцената ги отпеа песните „Километри“ од Влатко Лозаноски и „Ко нам брани“ од Петар Грашо.

фото: Принтскрин/јутуб

Тој доби пет гласа, односно само Марија Шерифовиќ не му даде глас, но Кристијан помина во следниот круг.

Јелена веднаш го прегрна Македонецот и му честиташе на негово поминувањето.

фото: Принтскрин/јутуб

„Како ја отпеја првата песна, браво, браво“ изјави неговата менторка.

„Мене не ми се допадна првата песна. Не сакам да се компонира, а ти малку претера. Тоа е мојот став, дека си симпатичен – си симпатичен. Убаво пееш, малку ти се чудни сценските движиња, правиш нешто чудно со нозете. Но, имаш убава енергија“ изјави Шерифовиќ.

фото: принтскрин/јутуб

Во продолжение погледнете ги настапите на Македонците.