Радио Милева

Мајли Сајрус најпосле проговори по разделбата од сопругот: „Се уште сакам жени!“

Мајли Сајрус најпосле проговори по разделбата од сопругот: „Се уште сакам жени!“
фото:инстаграм/мајли сајрус

Пејачката Мајли Сајрус и актерот Лиам Хемсворт ставија крај на бракот по само седум месеци заедно, а во јавно соопштение во саботата, таа откри дека причината е „фокус на самата себе и нејзината кариера“.

Патем, веста дојде само еден ден откако Мајли беше фатена како разменува бакнежи и ја допира Кејтлин Картер, поранешна сопруга на Броди Џенер, на луксузна јахта на езерото Комо во Италија.

Таа решила да се обрати до своите фанови преку Инстаграм, објавила фотографии на кои позира на врвот на една планина.

– Не се бори против еволуцијата, затоа што никогаш нема да победиш. И планината на која стојам, порано беше под вода, беше поврзана со Африка, промената е неизбежна – напиша таа, додавајќи:

фото:инстаграм/мајли сајрус

– Доломитите не беа создадени преку ноќ. Беа потребни милиони години за да се создаде оваа прекрасна убавина. Татко ми секогаш ми велеше: „Природата никогаш не брза, но секогаш доаѓа на време“. Тие ме научија да ја почитувам планетата и нејзиниот процес и јас ќе продолжам да го сторам тоа.

Неодамна, Мајли зборуваше за својата сексуалност и призна дека жените продолжуваат да ја привлекуваат.

– Мислам дека луѓето се збунети околу тоа што отворено велат дека сум привлечена од жени и сум во хетеросексуален брак. Но, нашата поврзаност е единствена. Дали луѓето навистина мислат дека седам дома облечен во престилка? Јас сум во хетеросексуална врска, но сè уште ме привлекуваат жените. Дефинитивно не спаѓам во стереотипната улога на жената. Ни зборот не ми се допаѓа, порача Мајли Сајрус.

Останати вести од Радио Милева