Радио Милева
подготвен како пушка

Мајкин син: Еве што правеше Вељко Ражнатовиќ рано изутрина, ден пред неговата утрешна свадба! (ФОТО)

Мајкин син: Еве што правеше Вељко Ражнатовиќ рано изутрина, ден пред неговата утрешна свадба! (ФОТО)

За синот на Цеца нема лето-зима, нема вакаов-онаков ден и ништо не може да го запре да го изврши својот утрински ритуал, та било тоа и ден пред неговата свадба.

Вељко Ражнатовиќ излегол на тренингот рано утрото пред гламурозната свадба со неговата двојка.

Имено, за големата веселба и најсреќниот ден, боксерот е повеќе од подготвен, а за да не киксне на најважниот „меч на животот“, отишол во блиската шума да трча и така максимално да набие кондиција.


Тој го сподели видеото на својот Инстаграм, а само некоја минута после 9 часот, тој веќе беше на патеката, што секако е доблест и благодет.


Да Ве потсетиме дека свадбата на синот на Цеца и неговата избраничка Богдана Родиќ од српското село Тител ќе се одвива во еден познат и луксузен хотел, в недела,  на 24 ноември, а на неа се очекуваат повеќе од 500 гости.

Фото: Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева