Радио Милева

Majката на Романа Паниќ тврди: „Сигурна сум дека не е виновна, инаку ќе останеше во затвор“

Majката на Романа Паниќ тврди: „Сигурна сум дека не е виновна, инаку ќе останеше во затвор“
фото: дамир дервишагиќ

Пејаччката Романа Паниќ пред некој ден беше депоритирана од Австралија каде што еден месец беше во затвор поради ограбување на банкомати.

Како што пишуваа српските медиуми, нејзините членови на семејството биле шокирани од оваа постапка на пејачката, па од срам не можеле да излезат на улица.

Мајката на Романа, Гордана тврди дека нејзината ќерка не е виновна.

„Се слушнав со Романа, добро е. Најважно е да остане нормална после се низ што помина. Ако сте мајка, ќе ме разберете, не е лесно да слушате такви приказни за вашето дете“ вели Гордана за „Свет“.

фото: ата имагес

„Кога разговаравме ми кажа дека се чувствува добро, гледам дека многу колеги се на нејзина страна и дека и пружија поддршка бидејќи никој не верува дека нешто би криела“, вели мајката на пејачката.

Гордана тврди дека е сигурна дека Романа не е виновна, инаку во спротивно би останала зад решетки.

„И самата верувам дека не е виновна, да беше виновна ќе останаше во затвор. Ќе докаже таа се’ што зборувам“ вели Гордана.

Потсетуваме, Романа и нејзиното момче беа уапсени во Бребејн поради ограбување на банкомати.

Останати вести од Радио Милева