Радио Милева

Мајката на Јана Стојановска, Силвија проговори за внучето: „Кога го видов првпат, тоа беше како голем човек, ама мал“

Мајката на Јана Стојановска, Силвија проговори за внучето: „Кога го видов првпат, тоа беше како голем човек, ама мал“

Македонската актерка Јана Стојановска се породи на 6 септември и првпат се реализираше во улогата на мајка.

Имено, актерката за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека се породила два месеци пред терминот, а кога и пукнал водењакот била во Романија каде што нејзиниот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ беше ангажиран за еден клуб.

Јана и нејзиниот сопруг одлучија синот да се вика по нејзинот починат татко односно Ненад Стојановски.

Мајката, на Јана Стојановска, Силвија  беше гостинка во „Еден на еден“ каде што првпат проговори за своето внуче.

фото: Принтскрин/јутуб

„Беше неочекувано, пред време, беше многу стресно. Се случи 10тина дена откако заминаа во Романија. Требаше да поминат неколку дена за да порасне бебето во стомак, меѓутоа дојде денот кога мораа да го извадат со рациски рез“ почна да раскажува Сливија и додава:

фото: Принтскрин/јутуб

„Како Јана кажа – одам на царски, јас и Ана влеговме во кола и тргнаме накај Букурешт. Кога го видов првпат, тоа беше како голем човек, ама мал. Бидејќи е родено предвреме уште немаше масно ткиво, имаше кожа, мусклучиња, едни огромни шаки, едни огромни стапала“ вели Стојановска и додава дека најверојатно ќе биде кошаркар.

Силвија објасни како нејзиниот внук го доби името Ненад.

„Иако Јана пружаше отпор бидејќи нејзиниот починат татко е Ненад и бебето се роди ненадејно и затоа е Ненад“ вели актерката и тазе бабата.

фото: Женски магазин

Во емисијата се и Јана која имаше едно прашање за нејзината мајка односно кој 1ви април и е омилен. Тогаш Стојановска откри една нивна анегдота од минатото односно кога Јана пред нивната зграда донела коњи кои направиле лом и хаос во нивниот двор.

Целата емисија погледнете ја во продлжение.

Останати вести од Радио Милева