Радио Милева

Мајката на девојката која Кеба не ја признава за ќерка објави фотографија со брутална порака за пејачот

Мајката на девојката која Кеба не ја признава за ќерка објави фотографија со брутална порака за пејачот
Printscreen Facebook/Pink.rs

Пејачот Драган Којиќ Кеба освен Наташа и Игор има и ќерка од вонбрачна врска која никогаш не сакаше да ја признае, пишуваат српските медиуми.

Таа сега има 19 години, а нејзината мајка Лилјана Јевремовиќ повремено објавува постови во врска со пејачот.

Тоа го направи и сега, кога објави фотографија од својата ќерка Ина и со истата статус во кој го „боцна“ Кеба.

-Мојот херој не го сака татковото презиме ни валкана слава, не го сака татковото богатство, горда и храбра девојка која издржа тон неправди, ги фрли зад грб и продолжи понатаму, пишува во описот на фотографијата.