Радио Милева

Мајката на Дарко Лазиќ во солзи: Пејачот може да го изгуби помнењето

Мајката на Дарко Лазиќ во солзи: Пејачот може да го изгуби помнењето

Дарко Лазиќ најверојатно ќе има проблеми со памтењето, тврди доктор кој учествувал во лекувањето на младиот пејач. Поради хематомите иа мозокот и вештачката кома пејачот нема да се сеќава на деновите по сообраќајна несреќа, а како што тврди извор од сеќавање ќе му се избришат некои случувања од минатото.

Изворот вели дека го подготвувале семејството на Дарко за долго лекување, но и на моментот дека ќе заборави некои важни детали.

 

View this post on Instagram

 

💤💤💤💤🎤🎤

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial) on

„Дарко поради болките, лековите и сите случувања се губи. Често е под силни седативи, па моите колеги не можат да оценат колку му е оштетена меморијата. Невролозите често го посетуваат Дарко и тие му соопштија на семејството дека можно е да има амнезија“, вели докторот за „Информер“.

Од друга страна, роднина на Дарко изјави дека оваа вест многу ги вознимирала родителите на пејачот.

„Мајка му многу плачеше. Се плаши дека Дарко може се да заборави. Често повторува „Само да не ја заборави Лорена“, но сигурно сме дека нема да се случи тоа“, вели роднината на Лазиќ.