Радио Милева

Мајката на Богдана Родиќ проговори за бременоста на ќерката: „Нема да имам многу време за внучето“

Мајката на Богдана Родиќ проговори за бременоста на ќерката: „Нема да имам многу време за внучето“
фото: весна ѓорѓевиќ

Богдана и Вељко Ражнатовиќ неодамна запливаа во брачните води, а следната година ќе станат родители на нивното прво дете односно син.

Мајката на Богдана, Даниела неодамна во едно интервју истакна дека е пресреќна што ќе стане баба.

„Полека ги сумираме впечатоците од свадбата. Што се однесува до бебето, нека е живо и здраво, никогаш не ми беше важно дали е машко или девојче.  Сите кои имаат внуче велат дека тоа е посебно чувство, но веројатно имаат многу повеќе време да му се посветат отколку што ќе имам јас“ вели мајката на Богдана.

фото: принтскрин

Освен тоа, Даниела додаде дека не ја размазува својата ќерка иако е бремена.

„Нема што да ја советувам иако е бремена, таа се чувствува одлично, нема никакви проблеми во бременоста. Нека ја размазуваат Вељко и Цеца. Јас не сум размазана, па нема да нема да ја размам неа“ вели идната баба.

фото: марко метлаш

За потсетуваење, Вељко и Богдана на 24 ноември официјално запливаа во брачните води.

Останати вести од Радио Милева