Радио Милева

Мајката на Анета Молика проговори за детството на познатата пејачка

Мајката на Анета Молика проговори за детството на познатата пејачка

Анета Мицевска или на публиката позната како Анета Молика важи за една од најдобрите вокали во Македонија.

Нејзиниот талент бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за svet-australia.com проговори за детството на пејачката.

foto: svet-avstralia

„Анета како дете беше многу мирно и скромно дете. Од најрана возраст, велам најрана затоа што беше многу малечка се уште одеше во градинка, сакаше да пее. Имаше околу три години кога забележав дека пее интонативно точно. На 9 годишна возраст ја пријавив на популарниот детски фестивал „СИ-ДО“ каде конкуренцијата беше голема. Анета на аудицијата ја отпеја песната „Свирејте ја зајди зајди“ од Олгица Христова. Жирито беше воодушевено, едногласно беше примена на фестивалот. Таму ја испеа песната „Среќна сум“ и тоа беше нејзино прво појавување на сцена.  Нашето мирно девојче на сцена изгледаше многу поинаку“ вели мајката на Анета.

foto: svet-avstralia

Лиљана истакна дека таа и шиела гардеробата на Анета на почетокот на кариерата.

„Анета уште од малечка беше правилно воспитана и насочена кон вистинскиот пат. Главно мото во моето воспитување беше да биде добра, искрена и чесна. Да ги сака луѓето и да помага таму каде што може да помогне. Мислам дека успеав од неа да направам вистинска личност вредна за почит“ вели Лињана за svet-australia.com

Таа исто така потенцираше дека е горда на својата ќерка и дека и денес  помага кога е потребно.

foto; facebook

Мајката на Анета исто така истакна дека многу му е благодарна на затот што го исполнил ветувањето од Анета да  направи ѕвезда.

Лиљана истакна дека и нејзината внука Моника, ќерката на Анета има талент за музика, но дека нема желба да пее и сака да биде стоматолог.