Радио Милева
Само за убаво

Мајчинството и донесе нови ангажмани на Александра Илиевска – не ја води „Брза кујна“, ама затоа е поактивна од било кога (фото)

Мајчинството и донесе нови ангажмани на Александра Илиевска – не ја води „Брза кујна“, ама затоа е поактивна од било кога (фото)
фото:александра илиевска/инстаграм принтскрин

Поминаа четири месеци откако ТВ водителката Александра Илиевска стана мајка за првпат и на свет донесе женско бебе кое го доби името Сара.

Поради пандемијата од коронавирус, Александра уште од почетокот на бременоста се откажа од проектот „Брза кујна“, се поради заштита на нејзиното здравје и тогаш уште нероденото бебе.

Но, со тоа не застанаа незјзините ангажмани…

Имено, токму бременоста придонесе таа да добива што повеќе понуди за рекламни ангажмани кои ги пласира на своите профили од социјалните мрежи, па ако претходно презентираше брендови за облека, гардероба или козметика, потоа почна и со бебешка опрема, а истите со доаѓањето на Сара само ги зголемија ангажмание на мама.

Александра изгледа одлично во постпартум периодот, бременоста не ја промени физички, па може да си дозволи тесни фармерки и фустаничња што не баш секоја тазе мајка има прилика.

Мајчинството е сонот кој што таа вели дека за неа станал јаве, благословена, исполнета и задоволна, па што може повеќе да посака!

Останати вести од Радио Милева