Радио Милева
Нежна или доминантна?

Магична новогодишна декорација во домовите на Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац -каде е поубаво? (фото)

Магична новогодишна декорација во домовите на Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац -каде е поубаво? (фото)
фото:јелена карлеуша/наташа беквалац/инстаграм/принтскрин

Пејачките Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац со своите новогодишни елки ги „срушија“ социјалните мрежи.

Семејниот дом на Карлеуша изгледа прекрасно, таа ја украси елката со разни украси, мечиња, ирваси, а тука е и нејзиниот знак – Ј.К.

фото:јелена карлеуша/инстаграм/принтскрин

Јелена буквално мислеше на секој агол од нејзината вила на Дедиње, па целата куќа е украсена во знакот на претстојниот празничен период, а преовладуваат нежни тонови.

фото:јелена карлеуша/инстаграм/принтскрин

Нема сомнеж дека пејачката и нејзините ќерки уживале во украсувањето на својот дом.

фото:јелена карлеуша/инстаграм/принтскрин

Од друга страна, Наташа ја покажа својата новогодишна елка додека ужива на каучот со новогодишни чорапи, а го фотографираше погледот кон бајкавата елка и нејзиното куче.

Елката на пејачката е огромна, со неколку видови украси во нежни тонови, а судејќи според реакциите, на многумина им се допадна. Наташа во описот се збогуваше оваа година.

фото:наташа беквалац/инстаграм/принтскрин

– Добро утро и среќна Нова Година 2021. Сакам сите да бидеме здрави. Би сакала повторно да ги гушнам мама и тато. Научивме многу, драга 2020 година, додека траеше, благодарам, затоа се збогувам со требе толку долго и свечено. Благодарам и збогум – напиша пејачката под фотографијата.

Останати вести од Радио Милева