Радио Милева

Лута на кралското семејство: Eве зошто Анџелина Џоли не беше присутна на кралската венчавка!

Лута на кралското семејство: Eве зошто Анџелина Џоли не беше присутна на кралската венчавка!

Принцот Хари и Меган Маркел неодамнаа запливаа во брачните води. За нивната свадба се уште се зборува, а на овој гламурозен чин можеа да се видат познати личности.

Анџелина Џоли не беше присутна на кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркел, а како што пренесуваат странските медиуми таа е многу лута на кралското семејство.

Анџелина не беше на венчавката затоа што не било дозволено да ги носи децата. Поради овој гест актерката се навреди и мисли дека кралското семејство не ја испочитува.

„Беше навредена затоа не и дозволија да ги доведе децата. И дозволија некој да и прави друштво, но таа немаше кој“, велиз извор близок на Џоли.

фото:тањуг