Радио Милева

Луна и Слоба се сретнаа првпат по раскинувањето, еве ги нивните реакции! (фото)

Луна и Слоба се сретнаа првпат по раскинувањето, еве ги нивните реакции! (фото)

Во реалното шоу „Задруга“, Слоба Радановиќ ја изнвери својата сопруга Киа Коцкар со Луна Џогани.

Во медиуите девет месеци по ред тие беа главна тема и најмногу се пишуваше за реалното шоу кое сруши рекорди. А уште поинтересно беше кога сопругата Киа влезе во шоуто, па љубовниот триаголник беше секојдневна тема.

На крајот, сопругата на Слоба го освои првото место и освои 50 000 евра.

По завршувањето на реалното шоу, Слоба и Луна раскинаа, а Коцкар најави дека ќе се разведе од сопругот и дека почнува музичка кариера.

По завршувањето на Задруга, секој од учесниците си тргна по својот пат.

Киа започна со настапи и најави дека ќе сними дует со „Министерки“, Слоба исто така настапуваше, додека пак Луна уживаше во Грција.

По две недели одмор во Грција, Луна се врати на секојдневните обврски.

По речиси еден месец Луна и Слоба се сретнале во Белград на првиот роденден на „Информер Хит“, пренесува Блиц.

Слоба и се приближил на Луна и ја бакнал во образот, а таа набрзо му го свртела грбот.

Како ќе се развива односот меѓу Луна и Слоба, дали ќе останат пријатели или нема да имаат никаков контакт останува да видиме.

Фото: Снежана Крстиќ/блиц/принтскрин