Радио Милева
Не сака невенчана да роди дете

Луна и Марко закажаа венчавка: Еве кога ќе го изговорат судбоносното „Да“

Луна и Марко закажаа венчавка: Еве кога ќе го изговорат судбоносното „Да“
фото:луна ѓогани/инстаграм

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ наскоро ќе станат родители, а сега е откриено и кога ќе се венчаат.

Двајцата закажале тајна венчавка за крајот на месец март иако претходно таткото на Луна, Гаги, изјави дека поради пандемијата тоа нема да се случи.

– Постојано вели дека не сака да биде од оние жени кои родиле и немаат сопруг. Таа изврши притисок врз Марко да се ожени што побргу, барем само во општината во последната недела од март, а за тоа биле информирани само членовите на неговото потесно семејство – открива добро информиран извор од „Информер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo (@luna_djogani)

Засега е предвидена само венчавка, а голема свадба дури откако ќе се смири ситуацијата околу пандемијата.

– Марко навистина се плаши од корона и затоа не брзаше да се ожени се додека не се вратат работите во нормала. Сонуваше за голема венчавка, но свесен е дека за тоа ќе мора да почека барем неколку месеци. За разлика од Луна, потврдата за венчавка не му значи, бидејќи тие двајцата веќе се однесуваат како да се во брак – додава овој извор.

Останати вести од Радио Милева