Радио Милева
Хормони во спој со неизвесност

Луна Ѓогани во паника поради бебето – еднаш неделно и е доволно да го прави ова за да се смири

Луна Ѓогани во паника поради бебето – еднаш неделно и е доволно да го прави ова за да се смири
фото:луна ѓогани/инстаграм

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се вратија од романтично патување од Дубаи пред неколку дена, а во месец јуни ќе станат родители на девојче кое веќе го нарекоа Миа.

Имајќи предвид дека во Србија има се поголем број на заболени од коронавирус, победничката на „Задруга“ и нејзиниот свршеник се во вистинска паника, бидејќи наводно се плашат за животот на бебето.

Тие се надеваа дека вирусот ќе ослабне, и дека Луна ќе може слободно да се движи, за да не биде постојано заклучена во станот, сепак, ситуацијата со короната сега е надвор од контрола и тоа не оди во прилог на идната мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo (@luna_djogani)

Извор за „Ало.рс“ открива дека Луна не го напушта станот, освен до продавницата или аптека, и тоа само кога Марко е преокупиран со своите обврски.

– Луна и Марко одлично се забавуваа на одмор. Сега кога заврши, двајцата решија да ја спуштат топката. Луна, без оглед на мерките на претпазливост кон кои нормално се придржувала, сега решила да излегува поретко до породувањето, за да не се зарази со корона и со тоа да го загрози нејзиниот и животот на бебето – вели споменатиот извор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo (@luna_djogani)

– Марко е многу грижлив за Луна. Со месеци ја советува многу и еднаш неделно да бидат тестирани за вирусот, со цел да знаат на време дали се позитивни и на тој начин да се спасат себеси и бебето. Иако дополнително ги оптеретува, бидејќи се среќаваат со голем број луѓе, тие сепак не сакаат ништо да остават на случајот. Тие одат на приватни клиники, каде прават тестови, а Луна е во постојан контакт со нејзиниот гинеколог, кој ја советува како да се однесува за време на бременоста – заклучува овој извор.

Останати вести од Радио Милева