Радио Милева
Шок за идниот татко

Луна Ѓогани снимаше кога му кажа на Марко дека е бремена, а еве ја и неговата реакција (видео)

Луна Ѓогани снимаше кога му кажа на Марко дека е бремена, а еве ја и неговата реакција (видео)
фото:луна ѓогани/инсатграм/принтскрин

Ријалити учесниците Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ ќе станат родители.

Тие неодамна се свршија, а сега на својот Јутјуб канал објавија видео на кое се гледа како Луна му ја соопштува веста на Марко дека бебето доаѓа.

Идните родители објавија дека се пресреќни, а Марко иако во шок порача дека ќе бидат подобри родители од што многумина мислат.

-Многу сум среќен и горд што ќе станеме родители. Ова е нешто што долго го чекавме и на што се радувавме. Полот не ми е важен, како што се вели во народот, само нека е живо и здраво, е првата изјава на идниот татко за „Ало“.рс.

Првите честитки пристигнаа од нивните семејства, а следеа и оние од блиските пријатели.

Останати вести од Радио Милева