Радио Милева

Лука Лазукиќ, екс-сопругот на Наташа Беквалац чека трето дете со третата жена (фото)

Лука Лазукиќ, екс-сопругот на Наташа Беквалац чека трето дете со третата жена (фото)
фото:принтскрин/инстаграм

Поранешниот сопруг на пејачката Наташа Беквалац очекува дете со поранешната пејачка Слаѓана Иванишевиќ.

Двојката ќе се венча откако ќе се роди бебето, или на почетокот на следната година.

“Иванишевиќ и Лазукиќ одлично се согласуваат, и водат мирен и повлечен живот подалеку од очите на јавноста. Тие имаат тесен круг на луѓе околу нив, така што забавата ќе биде организирана само за нивните семејства, кумови и најблиските пријатели во Нови Сад.” пишува„Курир.рс“.

фото:слаѓана иванишевиќ/инстаграм

Слаѓана носи машко и ова ќе биде нејзино прво дете, додека Лука од претходните два брака има две ќерки.

Останати вести од Радио Милева