Радио Милева

Лозата продолжува… Анастасија Богдановска брои ситно до породувањето и по дома е трудница со стил(фото)

Лозата продолжува… Анастасија Богдановска брои ситно до породувањето и по дома е трудница со стил(фото)
фото:анастасија деа богдановска.фејсбук

Таа е телевизиски лик кој не се заборава, затоа и периодов му недостасува на телевизискиот етер.

Анастасија Богдановска мора да биде дополнително претпазлива од корнавирусот затоа што во себе носи уште еден живот кој наскоро ќе дојде на свет.

Сепак, последните труднички денови од третиот триместар убавата Деа ги минува работно, но од дома, уредувајќи ја утринската програма на ТВ Алфа.

фото:анастасија богдановска.фејсбук

За опуштање вежба јога, слика, но за мерак на душата знае и да си се дотера по дома.

Овој пат на најновата фотографија што ја објави на својот профил на Фејсбук, таа на себе ја носи кошулата на мајка си која има приказна.

Имено, белата кошула во која позира Деа ја имала на себе и нејзината мајка пред 30-тина години кога била бремена со неа.

фото:анастасија богдановска.фејсбук

Лозата продолжува, а наследничката на Анастасија и Богдан накоро ќе пристигне во прегратките на мама и тато.

Останати вести од Радио Милева