Радио Милева

Лора Турунџиева неполна година откако стана мајка изгледа како манекенка „стегната“ во хеланки (фото)

Лора Турунџиева неполна година откако стана мајка изгледа како манекенка „стегната“ во хеланки (фото)
фото:инстаграм/лора наунов турунџиева

Постарата ќерка на телевизиската водителка, музичар и писател Сузана Турунџиева, Лора, пред речиси шест месеци за првпат се реализираше во улогата на мајка и на свет го донесе синчето Јаков кое денес е потпораснато бебенце.

Јаков, мама и тато летово постојано се некаде на пат, односно на различни дестинации каде уживаат со својот наследник.

фото:инстаграм/лора наунов турунџиева

Откако бебенцето дојде во нивниот живот и го обои во сите бои, Лора не беше толку многу активна на социјалните мрежи, но затоа баба Сузе и малата тетка Матеа, редовно споделуваат по некој момент со внучето.

Познато е дека повеќето тазе мајки имаат проблеми со килограмите во постпартум периодот, а убавата Лора за неполна година се врати во топ форма.

фото:инстаграм/лора наунов турунџиева

За првата фотографија на која покажа во каква форма е, облече хеланки. Од приложеното може да се види дека мама Лора е како манекенка!

Тенки нозе, рамен стомак и секако насмевка на лицето, но најубавиот дел од неа е бебенцето во рацете.

фото:инстаграм/лора наунов турунџиева

Некои од искусните мајки знаат да кажат дека и не се потребни многу диети и напорни тренизи за решавање на вишокот, бебето е сосема доволно за да ја празни и надополни енергијата на мама.