Радио Милева
Пролетна еротска пасторала

Љупка Митрова вака ги дочека пролетта и роденденот: Разголена во када на пролетна купка во природа! (ВИДЕО)

Љупка Митрова вака ги дочека пролетта и роденденот: Разголена во када на пролетна купка во природа! (ВИДЕО)

Љупка Митрова славеше роденден… Дамите не се прашуваат за годините, ама затоа се прашуваат за подароците. Атрактивната модна блогерка веќе си го одбра уште две недели пред роденденот, за што веќе пишувавме… „Да ти е BMW“… се сеќавате?

Ама уште пред да седне во новиот џип, сексапилната струмичанка седна во нешто друго. Имено, по повод роденденот кој и е во пролет, Љупка реши токму да ја го прослави и чествува доаѓањето на пролетта на себесвојствен начин: со нова фотосесија или поточно, нов видео-едиторијал!

А во него, Љупка „цвета“, гола… или барем доволно разголена. На падините на прекрасната природа покрај познатиот манастир на струмичкото село Вељуса, таа реши уште еднаш да го покаже сиот свој телесен раскош, а уметникот зад објективот, решил сето тоа да го вкомпонира во расцутената мајка природа.

И сето тоа зачинето со малку еротика, подразголени кадри полни со еротски набој, разголеното га*е на Љупка и нејзината симулација на пролетна купка среде природа во кадата!

Очи ширум отворени за волшебна глетка, стимулација на сите сетила и добредојде на пролетта, најубавото годишно време!

 

View this post on Instagram

 

Most beautiful time of the year #spring 🌸 Enjoy my New Video🎞

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on


А роденденот? Од него само една – две соло фотографии на згодната убавица од Струмица…

…И нејзинта „скромна“ благодарница во вид на пост покрај сликата на Инстаграм.

„Благодарам на сите што овие 32 години поминаа и ОСТАНАА покрај мене. Тие од мене создадоа Љупка која Вие денес ја гледате на инстарграм, жена, мајка, ќерка, сестра, пријателка, Ваш идол! Ви благодарам за денешните желби и искрени честитки, ми значите. Ве обожавам, без Вас денот не би ми бил посебен„ – напиша таа.

Меѓу  постираните роденденски честитки ја немаше неговата… Онаа на „Големиот брат“. Не, барем преку Инстаграм… Можеби заради она што токму во роденденската благодарница Љупка го наведе: „…поминаа и останаа покрај мене?“ А тој само помина… Ама не остана!?